ЕХФ со предлог Плоцк да биде домаќин на Ф4, еве зошто Висла го одби тоа!

Тимот на Висла Плоцк можеше да биде домаќин на завршниот турнир од Лигата на Европа. Ваков предлог до полскиот вицешампион испратила Европската ракометна федерација, но тоа сепак нема да се случи.

И покрај тоа што се уште не се пласираа на завршниот турнир и во вторник ќе го играат натпреварот против Кадетен Шафхаузен, во Висла биле сериозно биле заинтересирани да го прифатат предлогот од ЕХФ и да го организираат турнирот на најдобрите четири екипи во ова натпреварување. Сепак и покрај нивната желба морале да го одбијат предлогот.

Ситуацијата ја објасни спортскиот директор на клубот Адам Вишењвски за полската „СПОРТ ТВП“.

„За жал договорот за организација на турнирот е таков што ние како негов организатор не би можеле да рекламираме ниту еден наш клупски спонзор. Освен тоа реклами не би требало да има и во градот. Ние нема да добиеме друг спонзор кој би ги покривал трошоците за организирање на овој дводневен настан, ЕХФ не плаќа ништо, се би било на наш грб. Се што можевме да добиеме е приходот од продажба на билети, но со тоа сигурнои не би се покрило се. Клубот едноставно не може да си дозволи да организира, ваков турнир, нашиот буџет не го дозволува тоа“, објасни директорот Вишењвски.

Фајнл-фор турнирот во Лигата на Европа е закажан за на 28 и 29 мај.