ЕХФ со порака до Лазаров: Најмоќен левак во ЛШ – ќе ни недостигаш легендо! (ФОТО)

Македонската легенда Кире Лазаров вчера на прес-конференција го официјализираше крајот на играчката кариера.

Тој заминува од теренот како најдобар стрелец на сите времиња во Лигата на шампионите и уште многу други рекорди.

Покрај сите други честитки, денеска се огласи и медиа тимот на Европската ракометна федерација.

„Најмоќниот левак во Лигата на шампионите. Најдобар стрелец во натпреварувањето. Талент во кој можевме да уживаме 25 години. Се пензионира на 42 години, големиот Кирил Лазаров. Ќе ни недостигаш, легендо“, напишаа од ЕХФ.