ЕХФ прогнозира – Вардар ќе биде елиминиран од Веспрем

Медиа тимот на Европската ракометна федерација го објави ТОП 10 ранкингот на екипите што се дел од Лигата на шампионите.

Според него, двократниот европски шампион Вардар нема шанси за прогрес во четвртфиналето и не се најде на листата на најдобри десет екипи.

Ривалот на вардарци во осминафиналето е унгарскиот гигант Веспрем, кој е високо рангиран, дури на второто место и веднаш зад Барселона, која е прв фаворит за европската титула.

Но многу пати ваквите ранкинзи биле мотив плус за вардарци да одиграат како што знаат и да направат изненадување, па нема зошто да не биде така и против Веспем.

Првиот дуел меѓу овие две екипи се игра на 1 април со почеток во 18:45 часот.

ЕХФ ранкинг, ТОП 10:

1.Барселона
2.Веспрем
3.ПСЖ
4.Фленсбург
5.Кил
6.Мотор
7.Келце
8.Мешков Брест
9.Алборг
10.Порто