ЕХФ потврди: Вардар ќе игра во ЛШ, за шест останати места се „борат“ 12 клуба!

Европската ракометна федерција ги објави сите пријавени екипи за место во Лигата на шампионите за следната сезона. Според рејтингот на федерациите, македонскиот првак Вардар заедно со уште девет еккипи имаат директно место во групите.

Преостанатите шест места ќе бидат пополнети со уште шест екипи од оние 12 што се пријавија за „апгрејд“, односно за вајлд-карта. Конечниот список на клубовите што ќе добијат место во елитната конкуренција ќе биде објавен на 28 јуни, додека ждрепката ќе биде на 2 јули.

Уште отсега е јасно дека Мешков, Веспрем, Монпелје, Мотор Запорожје, ќе добијат „билети“ за елитата, додека шансите на Висла Плоцк и Динамо Букурешт исто така се големи да играат во ЛШ.

По проблемите со патувања и одложени натпревари, тешко е за верување дека ЕХФ ќе му даде шанса на Елверум, но исто така многу веројатно е дека покрај Алборг, европската куќа на ракометот ќе сака уште една скандинавска екипа во ЛШ, па во игра влегуваат и ГОГ и Савехоф.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF Champions League (@ehfcl)