ЕХФ потврди: Вардар ја отвора новата сезона во ЛШ против Мешков во Брест

Ракометната федерација на Европа ги објави термините за натпреварите од новата сезона од Лигата на шампионите односно го потврди комплениот распоред, па на тимовите им остана само да ги дефинираат точните денови (среда или четврток) и саатниците за почеток на двобоите.

Веќе е добро познато дека во новата сезона „црвено-црните“ ќе се сретнат со старите познаници Порто, Келце и Мешков Брест, а ќе играат и против ПСЖ, ПИК Сегед, Фленсбург и аутсајдерот Елверум.

Според распоредот на натпревари, Вардар ќе ја отвори сезоната со незгодно гостување во Брест, а прв гостин во Скопје ќе биде норвешкиот шампион.

Овој распоред може да претрпи измени по договор на ЕХФ, двата клуба, како и ТВ куќите кои ќе ги пренесуваат натпреварите.

Првото коло ќе се игра на 16 или 17 септември, а до крајот на 2020 година треба да се одиграат десет кола.

Групи во ЛШ:

Група А: Вардар, ПСЖ, Келце, Порто, ПИК Сегед, Мешков Брест, Елверум, Фленсбург
Група Б: Барселона, Веспрем, Кил, Алборг, Нант, Мотор Запорожје, Целје, Загреб

Распоред на натпревари:

1 коло, 16/17.09.2020, Мешков Брест – Вардар
2 коло, 23/24.09.2020, Вардар – Елверум
3 коло, 30.09-01.10.2020, ПИК Сегед -Вардар
4 коло, 14/15.10.2020, Вардар – Фленсбург,
5 коло, 21/22.10.2020, Вардар – Порто
6 коло, 28/29.10.2020, ПСЖ – Вардар
7 коло, 18/19.11.2020, Вардар – Келце
8 коло, 25/26.10.2020, Келце – Вардар
9 коло, 02/03.12.2020, Порто – Вардар
10 коло, 09/10.12.2020, Вардар – ПСЖ
11 коло, 10/11.02.2020, Фленсбург – Вардар
12 коло, 17/18.02.2021, Вардар – ПИК Сегед
13 коло, 24/25.02.2021, Елверум- Вардар
14 коло, 03/04.03.2021, Вардар – Мешков Брест