ЕХФ донесе одлука – Веспрем и Нант добија по еден бод

Натпреварот кој требаше да се одигра вчера меѓу Веспрем и Нант, а мораше да биде откажан бидејќи еден од судиите од Хрватска беше позитивен на Ковид 19 денеска го доби својот епилог.

И Веспрем и Нант добија по еден поен. Причината за ова е во фактот што во оваа ситуација причината за неиграњето на средбата е во официјално лице. Покрај тоа целта беше да се заштитат другите актери од несакано ширење на вирусот и немаше друг излезе освен да се одложи средбата.

Поради немање на можност за нов термин и задолжителното завршување на групната фаза денеска мораше да се донесе одлука со која се избра солуција во која и за двата состави  ќе има по еден бод.

Сигурно нема да бидат задоволни ниту едните ниту другите, но средбата е регистрирана со резултат од 5:5.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140