ЕХФ го смести Ѓорче Петров во втор шешир пред ждрепката!

Македонскиот првак Ѓорче Петров сепак ќе биде дел од вториот шешир пред ждрепката за осминафиналето во Европскиот Куп, а не како што требаше во првиот шешир според рејтингот на екипите што останаа во игра.

ЕХФ не ја почитуваше досегашната пракса – екипите да бидат поделени согласно реjтингот пред стартот на сезоната, па послабо рангираните екипи што елиминираа повисоко рангирани ги земаа нивните места во прв шешир.

Можни ривали на македонскиот тим сега се турските Коњалти Анталиja и Измир, португалската Мадеира, шпанскиот Гуардес, српската Jaгодина која би била одличен избор, потоа чешиот тим Кинзварт, а би било убаво ако се избегнат полските Јарослав и Кобержице.

Ждрепката ќе се одржи утре од 11:00 часот, а натпреварите се на програмата на 7/8 jaнуари и 14/15 истиот месец.

Европски Куп, жени, осминафинале, ждрепка:

шешир 1: Кинзварт (Чешка), Атлетико Гуардес (Шпанија), Јарослав (Полска), Кобержице (Полска), Мадеира (Португалија), Јагодина (Србија), Коњалти (Турција), Измир (Турција)

шешир 2: Ѓорче Петров (Македонија), Елче (Шпанија), Хихон (Шпанија), Х71 (Фарски Острови), Макаби Аразим Рамат Ган (Израел), Бенфика (Португалија), Цуг (Швајцарија), Јувента Михаловце (Словачка)