ЕХФ ги одложи квалификациите – Македонија ќе се бори за СП во март

Европската ракометна федерација донесе одлука да ги одложи квалификациските средби за бараж за Мундијалот во 2021 година, кои требаше да се играат во декември. Средбите се поместени за март следната година.

Натпреварите од петте групи требаше да се играат од 4 до 6 декември и сите групи требаше да се одиграат по турнирски формат. Македонија треба да биде домаќин на Групата 2 во коа се наоѓат и селекциите на Грција, Исланд и Литванија.

Новите термини исто така ќе бидат во три дена, а ќе се играат од 19 до 21 март во 2021 година, па ќе нема многу простор меѓу квалификациите и баражите така што во краток период ќе се одржат многу натпревари.

Ова значи дека во декември репрезентациите ќе бидат слободни и нема да има квалификации. Пандемијата со Ковид 19 продолжува да задава проблеми така што допрва ќе се види дали воопшто ќе може да се организираат натпреварувања.