ЕУРО2020: Талески и Кузмановски ќе блеснат во Виена

Стевче Алушовски е новиот тренер на Вардар. Тој е поранешен репрезентативец на Македонија, кој беше дел од првиот натпревар на самостојна Македонија и од таа генерација играше најдолго и практично настапи и во поново време во големите успеси на Македонија. Станува збор за играч кој остави длабока трага во македонскиот клупски и репрезентативен ракомет, а остава и понатаму, но сега како тренер.

Репрезентацијата на Македонија е веќе искусна со константно учество на последните четири Европски првенства. Составена е од познати играчи. Не верувам дека селекторот ќе ескпериментира со внесување на млади сили. Очекувам како и секоја година Кузмановски и Талески дека веќе ќе станат носители на оваа репрезентација. Она што можам да го кажам е дека е искусен состав пред сè, кој има играно и кој знае како треба на големите натпреварувања.

Според она што го видовме на подготвителните средби мислам дека Брестовац многу помалку ќе практикува игра 7 на 6 во однос на Раул. Тоа е една од измените кои може да се очекуваат во напад. Во игра во одбрана освен 6-0 и 5-1 не очекувам да играме некоја друга одбранбена формација.

Играчкиот квалитет е истиот. Селекторот Данило Брестовац, без разлика што сме скептични кон македонските тренери, покажа со сите негови резултати дека е еден сериозен селектор кој си ја знае работата. Под негово раководство немаме загубен официјален натпревар. Според мене најважен ќе биде првиот натпревар против Украина. Очекувам добра игра и радост на нацијата.

Имаме систем кој долго време го практикуваме во напад

Кире Лааров е носител на играта во напад. Сите репрезентации тоа добро го знаат. Имаме систем кој го практикуваме и го играме веќе долг период. Не очекувам дека ќе имаме промени во играта во напад. Нормално секој селектор има подготвено нови комбинации. Сигурно нема да оди со стари работи на ново првенство. Меѓутоа целосно гледано очекувам да имаме две нови лица во нашиот напад, а тоа се Талески и Кузмановски. Очекувам и трпелива игра во нападот и повеќе пренос на топката кон средината и игра преку пивоти. Танкоски се покажа во добро издание на турнирот, а ќе бидам среќен доколку на ова првенство добие и некое ново име. Многупати сум кажал дека нема млади и стари туку добри и лоши.

Дека едноставно ќе си стават во главата дека се квалитет и дека можат, како и дека ќе го дадат она што се очекува од нив. Играта на Европско првенство не е баук, се работи како и за секој друг обичен натпревар.

Во одбрана играта многу ќе зависи од она што Талески и Кузмановски ќе го прикажат во средината. Тука е и Никола Маркоски. Велко долг период немаше екипа, а сега е и со нова повреда и ќе недостига. Чекам игра 6-0 и цврстина во средина, а со добра одбрана да можеме потоа да постигнеме лесни голови.

Очекувам три сигурни победи

Нашите голмани Ристовски и Митревски се во извонредна форма. Пред сè тука мислам на Митревски кој брани одлично, а за Ристовски веќе е добро познато. Се работи за искусен голман кој добро знае како е да се игра на ваквите натпреварувања. Тој бил и носител на оваа репрезентација така што добро знае како е да се виде на ваквите првенства. Тука е и „младиот“ Томовски, па се надевам дека на голманската позиција ќе немаме проблеми.

Имаме добра група со репрезентации кои се од вториот ешалон. Не се топ репрезентации. Тоа не значи дека сме сигурни победници. Напротив. Можеби со Украина не сме играле досега, но со Чешка и со Австрија немаме позитивен биланс. Затоа многу од работите ќе зависат од првиот натпревар и од тоа како ќе отвориме на првенството. Чешка традиционално ни е незгоден ривал, но не и непобедлив. Среќа е тоа што и во Австрија ќе имаме голема поддршка од македонските фанови. Да бидам искрен очекувам сигурни три победи во групната фаза и да пренесеме два бода во групата која ќе биде формирана потоа.

Македонија ќе обезбеди олимписки квалификации

Од она што може да се види ние сме во полесниот дел од натпреварувањето. Кога ќе се погледне како изгледа во другите три групи сметам дека имаме малку подобра ситуација отколку што ќе биде во другата група која ќе се формира од групите Д, Е и Ф. Да бидам искрен очекувам и сакам Македонија да успее да стигне до олимписките квалификации. Нема да биде лесно воопшто. Нашиот главен играч, кој даваше белег на нашата игра на минатите натпреварувања веќе е во поодминати години. Без разлика што се носи извонредно со годините и знам за каков притисок е подготвен ќе мора да има голема помош од „помладите“. Меѓутоа имаме добар состав, имаме играчи кои играат во најдобрите клубови во Европа и се надевам и посакувам да се избориме барем за олимписките квалификации.

Кире Лазаров, Стојанче Стоилов и Борко Ристовски се тројцата клучни играчи во нашиот состав иако тука се и Дејан Манасков и уште неколку други. Сепак, тоа се тројцата кои се клучни во моментов.

За Лазаров веќе не треба да се зборува јасно е зошто и понатаму е незаменлив дел од нашиот состав. Стоилов е дел од оваа тројка е поради неговата игра особено во напад. Борко Ристовски добива предност во однос на Никола Митревски поради искуството коешто го има со настапите на големите натпреварувања во минатите години. Иако и двајцата се во одлична форма.