Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Струга

По тешкиот натпревар против Пролет и поразот од само еден гол (34-33), екипата на Еурофарм Пелистер 2 им се врати на победите во подготвителниот дел за новата сезона на Суперлигата.

Младите битолчани со убедливи 36-26 го совладаа суперлигашкиот ривал Струга, со кого минатата сезона приредија пријатни изненадувања и се пласираа во разигрувањето за титулата во Суперлигата.

Двата тима ќе настапат и на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ што ќе се одржи во Прилеп од 31 август до 2 септември.

Суперлигата треба да стартува на 8/9 септември.