Еурофарм Пелистер 2 со втор триумф над Прилеп

Тимот на Еурофарм Пелистер 2, кој ќе игра во плеј-офот во Суперлигата веќе го одигра вториот пријателски натпревар во рамките на подоготовките.

Избраниците на Александар Јовиќ триумфираа над составот на Прилеп со 32-29, што беше втора победа за само неколку дена, откако овие тимови играат и во Пролеп.

Битолчани настапија без десниот бек Атанасијевиќ, кој е на подоготовки со првиот тим во Загреб.

Во првото коло од плеј-офот, Еурофарм Пелистер 2 ќе игра против Вардар, додека Прилеп во првото коло од плеј-аутот ќе се сретне со ГА КЛ7.