Еурофарм Пелистер ремизираше со Целје во пријателски натпревар

Тимот на Еурофарм Пелистер одигра реми, 26-26, со словенечкиот првак Целје Пивоварна Лашко на првиот пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

Во првото полувреме битолчани, ја имаа предноста и водеа со три погодоци, 9-12, но во вториот дел домаќините успеаја да се вратат. Во последната минута Целје поведе со 26-25, но младиот десен бек Мараш ги постави конечните 26-26 во финишот од мечот.

Најдобри стрелци кај битолчани беа Мандалиниќ со седум и Граџан со пет голови, додека голманите Трајкоски и Чаневски искомбинираа 14 одбрани. Македонскиот тим отпатува на подготовки со скратен ростер поради повредите на дел од првотимците и поради настапите на СП на дел од играчите.

Битолчани ќе одиграат пријателски натпревари и против Горица и Загреб во следните четири дена.