Еурофарм Пелистер е минато за Горан Кузманоски и Филип Чурлевски!

Тимот на Еурофарм Пелистер во идната година нема да смета на услугите на двата средни бека, Филип Чурлевски и Горан Кузманоски.

На двајцата договорите им истекуваат на крајот на оваа сезона и нема да бидат продолжени.  Тие не се во плановите на тренерот Жељко Бабиќ, а на нивно место ќе играат Марио Танкоски и Јосип Периќ.

Покрај Кузманоски и Чурлевски, од тимот си заминаа и Петровски, Шевелев, Остроушко, Јотиќ, Ратајец и Митревски, а во следните денови треба да биде познат и статусот на Благојче Трајкоски, чиј договор исто така истекува на крајот на сезонава.

Досега дојдоа Кукуловски, Танкоски, Периќ, Мараш, а веројатно тимот ќе се засили со уште најмалку двајца нови ракометари.