Еурофарм Пелистер го задржа и главниот дефанзивец

После продолжувањето на договорите на Елмир Граџан, Марин Вегар и Милан Ѓукиќ, тимот на Еурофарм Пелистер се одлучи за продолжување на соработката и со главниот дефанзивец во екипата.

Милорад Кукоски, кој е исклучиво играч во одбраната и е главниот борец во тимот останува во клубот и во следната сезона со што битолчани успеаја да го задржат „костурот“ на екипата од лани така што ќе има мали промени.

Кукоски е неколку сезони дел од овој клуб така што само продолжува со настапите и ќе има можност за уште една година да докаже дека е еден од најдобрите дефанзивци во моментов во Македонија.