Еурофарм Пелистер без Граџан, Ѓукиќ и Кукуловски во лов на словенечки „лавови“ (ФОТО)

Тимот на Еурофарм Пелистер утре заминува во словенечката престолнина Љубљана каде што ќе го игра натпреварот со Тримо Требње во Лигата на Европа.

Тренерот Жељко Бабиќ веќе го одреди составот на битолчани, а од комбинација отпаднаа левиот бек Дејан Кукуловски, десното крило Милан Ѓукиќ и пикерот Елмир Граџан.

„Фармацевтите“ утре со авион патуваат во Љубљана во лов на „лавовите“ од Требње, кои во последното коло од словенечкиот шампионат загубија од Словењ Градец со 27-25.

Натпреварот меѓу Тримо и Еурофарм Пелистер ќе се игра на 1 декември во салата „Тиволи“, а другите два натпревари од групата меѓу Рајн Некар Левен и Кадетен Шафхаузен, како и меѓу ГОГ Гудме и Татабања се одложени.

Сепак Татабања и Рајн Некар се договорија утре да го одиграат заостнатиот натпревар од 2 коло.