ЕП 2022: Црна Гора цели 12 години ја чека втората победа на ЕП

Црна Гора се надева во нејзиното шесто учество дека ќе успее да се пласира во главната фаза. Откако на минатото првенство во 2020 година го заврши на 18. место Црногорците сакаат да направат чекор напред. Момците на Зоран Рогановиќ ја бараат втората победа на првенствата, а на првата чекаа 12 години од првиот настап кога ја совладаа Србија со 22:21.

Репрезентативците на Црна Гора се надеваат барем на една победа во групата А каде што за противници ќе ги имаат репрезентациите на Данска, Словенија и Македонија. Данска е голем фаворит додека другите три селекции имаат свои планови и се надеваат на успех. Црна Гора може да се пофали со одбраната, а покрај одличните дефанзивци тука е и голманот Небојша Симиќ. Исто така тие имаат и квалитет во напад и се надеваат на одлични игри на Бранко Вујовиќ. Покрај тоа ги имаат и искусните Васко Шеваљевиќ и Милош Божовиќ.

Екипата на Црна Гора во последните години не доживеа многу промени, со само неколку нови имиња. Рогановиќ има добро воиграна екипа со играчи кои играат во многу квалитетни европски екипи и собираат искуство од најквалитетните играчи. Исто така во составот има и млади ракометари кои уште ја чекаат својата шанса да блеснат на европската сцена. Селекторот Рогановиќ очекува неговата репрезентација да направи чекор напред и да го потврди напредокот.

ИГРАЧ ВО ФОКУСОТ – НЕБОЈША СИМИЌ

Кога станува збор за репрезентцијата на Црна Гора тешко е да се избере еден играч кој е вистински лидер на екипата. И покрај многуте квалитетни офанзивни играчи и силни момци во одбраната нема добар тим без добри голмани. Црна Гора го има Небојша Симиќ меѓу стативите, искусен голман кој брани во Бундес лигата, во Мелсунген и може да нарави разлика на секој натпревар.

ПРЕТХОДНИ УЧЕСТВА

Вклучувајќи го учеството на претстојното првенство Црна Гора ќе го забележи шестиот настап на Европските првенства. Најдобар резултат Црногорците остварија на првенството во 2008 година кога беа пласирани на 12. место.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПА А

13 ЈАНУАРИ – 20:30ч

ДАНСКА – ЦРНА ГОРА

15 ЈАНУАРИ – 18:00ч

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА

17 ЈАНУАРИ – 18:00ч

ЦРНА ГОРА – СЛОВЕНИЈА