„ЕП 2008 колку што ми донесе радост, толку ми донесе и разочарување“

На Европското првенство во 2008 година на кое Македонија го освои 8. место на селекторската позиција се најде Владимир Глигоров, кој и покрај високиот пласман нема многу убаво сеќавање од работата односно од позицијата која што ја имаше.

„Тоа првенство колку што ми донесе радост толку ми донесе и разочарување, на моето минимизирање како тренер и некое учество лично како тренерско ангажирање во тој резултат. Без разлика на сè ми остана спонтаната атмосфера во текот на првенството. Громогласното навивање и поддршка на луѓето кои беа на трибини. Тоа беше хемијата во репрезентацијата и хемијата со публика која брзо се наруши и ја снема. Машката репрезентација иако има голема поддршка сметам дека не успеа да ја достигне таа хемија. Очекувам и посакувам овие девојки кои сега се присутни во кадетската и младинската селекција да се потсетат на тоа првенство и да добијат мотив и желба истото тоа да го повторат и на подобар начин и да го добживеат да бидат горди и успешни следниот декември“.

Комплетното интервју можете да го прочитате на линкот во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ВЛАДИМИР ГЛИГОРОВ: Меѓу работа без пари и работа за перспектива ја избрав Сирија