ЕП младинки: Данска ја запре Португалија, домаќинот остана без финале!

Денес на Европското младинско пренство во Романија беа одиграни полуфиналните и дуелите во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место.

Домаќинот Романија не успеа да обезбеди пласман во финалето, откако во полуфиналниот дуел против Унгарија беше поразена со 34:26.

Изненасувањњто на младинскиот континентален собир – Португалија на патот кон финалето беше запрена од Данска.

Овие две репрезентации одиграа неизвесен дуел, на полувреме Португалија водеше со 19:16, по 60 минути беше нерешено 31:31, додека во продолженијата од по пет минути подобра беше данската репрезентација.

Данска на Светското кадетско првенство, кое се одржуваше во Скопје, играше во финалето и заврши како второпласирана на кадетскиот Мундијал.

Црна Гора против Швајцарија ќе игра за 7. позиција, Србија со Исланд ќе се бори за 13 место, а Македонија во дуелот со Хрватска ќе се обиде да го избегне последното место.

Европско првенство, младинки, резултати:

Португалија – Данска 35:38 (19:16)

Унгарија – Романија 34:26 (18:16)

Шведска – Црна Гора 30:28 (16:14)

Франција – Швајцарија 38:29 (17:16)

Германија – Норвешка 23:24 (11:10)

Чешка – Холандија 21:28 (10:17)

Исланд – Македонија 35:29 (20:15)

Србија – Хрватска 31:26 (11:12)

Македонија против Хрватска ќе се бори за 15 место на ЕП