Ем бранеше, ем погодуваше: Сите голови на голманот-стрелец Борко Ристовски! (ВИДЕО)

Вардар не успеа да го победи Порто и освои само бод, 25-25. Најдобар поединец на мечот беше голманот Борко Ристовски.

Македонскиот репрезентативец покрај тоа што забележа 18 одбрани од 44 упатени шута кон неговиот гол, односно имаше 41% одбранети удари.

Покрај тоа, вредни за издвојување се и неговите четири погодоци! Тој даде ист број на погодоци колку што постигнаа бековите Талески, Гаџа и Јотиќ заедно!

Нема официјална статистика за голманите-стрелци, но Ристовски ако не е на првото место по број на голови на еден натпревар, сигурно е меѓу првите.