Емотивна средба на Милосављев и Периќ: Мојот тренер, ментор и животен учител…(ФОТО)

Српскиот репрезентативен голман Дејан Милосављев продолжи во дресот на Фуксе Берлин онаму каде што застана во Вардар. Од српската Суперлига до трофеј во Лигата на шампионите и награда за најдобар голман во елитното натпреварување и сето тоа за една година, но неговиот траеше подолго.

Поранешниот селектор на Србија, Дејан Периќ, имаше доверба во Милосављев и уште во 2015 година, на тогаш 19-годишниот голман на Југовиќ, да му пружи шанса за настап на официјални натпревари.

Врвот на нивната соработка се случи во Вардар, каде Периќ работи исклучиво со голманите. Милосављев во повеќе наврати истакнуваше дека во Германија му фали соработката со Периќ, а откако се врати во Србија, двајцата се видоа во Панчево и голманот на Фуксе му подари заедничка фотографија со посвета – Мојот тренер, ментор и животен учител..