Емилијан Ѓорговски се врати на терените!

Перспективниот македонски ракометар Емилијан Ѓорговски по тримесечна пауза се врати на ракометните терени.

Стружанецот во месец јануари имаше хирушки зафат на менискусот на коленото и по успешната рехабилитација повторно стапи на сцена.

Левиот бек во регуларниот дел од сезоната настапуваше за првиот тим на Еурофарм Пелистер, додека во овој дел ќе биде дел од вториот битолски тим.

Ѓорговски својот камбек го имаше во вчерашниот дуел, против Бутел, кој заврши со минимална победа на скопскиот тим од 25:24.

20-годишниот ракометар во дуелот со Бутел трипати се запиша во листата на стрелци и кон своите соиграчи подели неколку асистенции.