Елверум се загреа за Вардар

Ракометарите на Елверум одиграа натпревар од норвешкиот шампионат пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.

Елверум славеше на гостувањето кај Кристијансанд со убедливи 21-37, а победата беше најавена уште по првиот дел кога гостите водеа со 10-16.

Најдобри стрелци кај Елверум беа Каспер Лиен и Тобијас Грондал со по шест погодоци, пет даде Ерик Јохансон, додека четри пати стрелаше Доминик Мате.

Македонскиот првак Вардар гостува в среда кај Елверум во двобој од Лигата на шампионите, кој стартува од 18:45 часот.