Екс член на Металург стави крај на кариерата

Поранешниот ракометар на Металург, Бранко Канкараш, вчера го одигра својот последен натпревар во богатата кариера.

Канкараш во штотуку завршената сезона се врати од Израел во Србија, најпрво беше дел од Црвена Ѕвезда, потоа во месец март ги засили редовите на некогашниот учесник во СЕХА лигата.

Со екипата од Шабац го освои бронзениот медал во српскиот шампионат и бидејќи има 34 години, беше сосема јасно дека искусниот ракометар ќе замине во пензија.

Екс членот на тимот од Автокоманда во својата кариера настапуваше и за екипите на Макаби Ришон Ле Зион Југовиќ, Војводина, Мешков Брест, француските Истр и Валанс и Мерсин од Турција.

На репрезентативно ниво забележа повеќе од 17 настапи за црногорската репрезентација.