Екс членка на Кометал ЃП доаѓа во Скопје: Ново натпреварување и нов предизвик!

Од сабота па до 10 август, Скопје и Македонија ќе бидат домаќини на најдобрите млади ракометарки од светот.

На Светското кадетско првенство, кое ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски” и двете сали во СЦ „Јане Сандански”, меѓу присутните ќе биде екс ракометарката на Кометал ЃП, Нарциса Лекушану.

Поранешната репрезентативка на Романија моментално е член на Извршниот Комитет на Меѓународната ракометна федерација и во Скопје ќе биде присутна како делегат од ИХФ.

Лекушану остави свој белег во историјата на Кометал Ѓорче Петров, а секогаш со задоволство се сеќава на сето она што се случуваше додека беше дел од тимот кој доминираше со години во македонскиот ракомет.