Екс-селекторот на Украина стана Шпанец

Поранешниот селектор на Украина стана државјанин на Шпанија откако беше прифатено неговото барaње.

Сергеј Бебешко кој во својата кариера играше во Шпанија поднесе барање за државјанство за да може да ги помине курсевите за ЕХФ Мастер лиценцата во оваа земја. Така ќе има полесна можност за учење, па шпанскиот крал му го овозможи ова.

Стратегот кој има 52 години има и златен медал од Олимписките игри во Шпанија во 1992 година така што едноставно му лежи оваа земја.

Инаку, Бебешко беше селектор на Украина на Европското првенство во јануари, а после овој шампионат ја напушти функцијата.