Екс-ракометар на Вардар, нов директор на репрезентацијата на Србија

Пивотот од Србија, кој во својата кариера настапуваше и за екипата на Вардар, Ратко Николиќ влегува во тимот кој ќе ја предводи сениорската репрезентација на нашиот северен сосед.

Тој беше дел од тимот на Вардар во сезоната 2011/12, а кариерата ја заврши пред две години во тимот на Железничар.

Николиќ има 42 години и се работи за еден од најдобрите пивоти кои играле за репрезентацијата на Србија. Ова ќе му биде прва задача после играчката кариера,а добива сериозна и одговорна задача во националниот тим.

Од него се очекува да биде врската меѓу Ракометниот сојуз на Србија и репрезентацијата, а неговата позиција гласи технички директор.