Екс вардарците ќе го водат Бразил во Токио (ФОТО)

Познат е составот на селекцијата на Бразил за Олимписките игри што ќе се одржат од 24 јули до 8 август во Токио.

Селекторот Маркус Оливиера се реши за список од 16 ракометари, од кои 14 ќе можат да влезат во ростерот за натпреварите.

На списокот се најдоа проверени имиња и ракометари што долго време играат заедно во бразилската селекција.

Меѓу нив и двајцата поранешни вардарци, Рожерио Мораес и Жозе Толедо, кој се опорави од повредата и ќе патува на ОИ.

Тука се двајцата членови на европскиот првак Барса, Ханиел Лангаро и Дос Сантос, потоа средниите бекови Енрике Тешеира и Леонардо Дутра Силва…

Бразил ќе игра во групата А на ОИ заедно со Норвешка, Франција, Шпанија, Германија и Аргентина.