Екс вардарец на лето менува клуб, но останува во Шведска!

Екс ракометарот на Вардар, Васко Шеваљевиќ, кој по завршувањето на СП 2023, реши да се повлече од националниот дрес, на лето би можел има нов клуб во својата интернационална кариера.

Црногорецот моментално настапува за шведскиот суперлигаш Редбергслидс и со тимот има договор на уште една сезона, но според пишувањата на „Handbollskanalen“, Шеваљевиќ ќе се пресели во Амо, екипа во која брани поранешниот голман на Струга и актуелен репрезентативец на Црна Гора, Никола Матовиќ.

Редбергслидс од следната сезона нема да настапува во најквалитетното натпреварување во Шведска, додека тимот на Амо со одличните настапи во Првата лига избори пласман во шведската елита, по што пораснаа амбициите на новиот суперлигаш.

Шеваљевиќ со своето искуство може да биде од голема корист за тимот на Амо. 34-годишниот лев бек потекнува од Ловќен Цетиње, а има богата кариера во многу европски клубови.

Играше за белорускиот Динамо Минск, шпанскиот Портланд Сан Антонио, потоа шест сезони настапуваше во Франција каде ги носеше дресовите на Тулуз, Истр, Трембле и Саран Луаре. Во Вардар го мина пролетниот дел од сезоната 2020/21.