Екс вардарката му се враќа на ракометот – Сања Вујовиќ ќе игра за Баја Маре!

По две години пауза поради мајчинство, Сања Вујовиќ, некогаш Дамјановиќ ќе му се врати на ракометот.

35-годишниот лев бек ќе заигра во романската екипа Баја Маре. Во машкиот клуб на Баја Маре игра неговиот сопруг, исто така поранешен член на Вардар и Металург, Стеван Вујовиќ.

Баја Маре во моментов е на осмото место на табелата во романскиот шампионат по седум одиграни кола.

Со селекцијата на Србија, Дамјановиќ освои сребрен медал на СП 2013 година, а имаше 11 настапи и 382 гола. Во клупската кариера освен за Вардар, играше за Раднички, Наиса, Крим, Зајечар, Подравка, Виборг, Будуќност и Шиофок.