Екс вардарец навиваше за Металург (ФОТО)

Ракометарите на Металург се пласираа во групната фаза од Лигата на Европа, иако загубија на гостувањето кај Криенс со 22-21.

Тимот од Автокоманда имаше голема поддршка во Цирих од македонските иселеници, кои им дадоа ветар во грб на металурзи, кога домаќинот водеше со три гола разлика.

Меѓу оние што навиваа за Металург на овој натпревар беше и македонскиот репрезентзтивец и поранешен член на Вардар, а сега на Амичитија Цирих – Мартин Поповски.

Поразот со вкус на победа им гарантира уште најмалку десет европски натпревари на металурзи, а ривалите ќе ги дознаат на 1 октомври.