Екс вардарецот се враќа – Шишкарев подготвен за дуелот против Шпанија

Капитенот на руската репрезентација и поранешен член на Вардар, Данил Шишкарев по изолацијата повторно се враќа на терените и ќе биде на располагање за натпреварот против Шпанија, кој е закажан за денеска со почеток од 15:30 часот.

Шишкарев беше во карантин во Кошице откако пред пет дена доби позитивен тест на коронавирус. Поради тоа, десното крило пропушти два натпревари, последниот од групната фаза против Словачка и првиот натпревар против Швеѓаните од главната фаза.

Ракометниот сојуз на Русија излезе со информација дека Шишкарев на последното тестирање добил негативен тест, а со тоа и дозвола да го напушти карантинот.

Русија главната фаза на ЕП ја стартуваше со пораз од Шведска. Избраниците на Велимир Петковиќ во рамките од втората група се борат за првите две места кои што водат во полуфиналната битка.