Екс вардарецот на пауза – Веспрем еден месец ќе биде без Шишкарев

Десното крило на унгарскиот гигант Веспрем, Данил Шишкарев, ќе биде на пауза еден месец.

Некогашниот член на Вардар поради проблем со рскавицата на коленото мораше да оди на Артроскопско чистење.

Стратегот Давид Дејвис во следните неколку натпревари ќе смета само Словенецот Гашпер Маргуч.

Отсуството на Шишкарев нема многу да се почувствува, со оглед на тоа што имаше ограничена минутажа на стартот на сезоната.