Езерското дерби ќе се игра пред празни трибини

Натпреварот помеѓу големите езерски ривали Охрид и Струга, во рамки на 16. коло од Супер лигата, кое на распоредот е денеска со почеток во 19 часот во салата “Билјанини Извори” во Охрид, сепак ќе се игра без публика, соопштија од клубот Охрид.

Ова е во согласност со последните мерки за заштита од корона вирусот по препорска на владата.

“Длабоко им се извинуваме на навивачите и на сите љубители на ракометот, но согласно дополнителните превентивни мерки на Владата за заштита од корона вирусот и препораките да нема масовни собирања до 13 март, клубот по дополнителни консултации донесе одлука Езерското дерби да се игра без публика, затоа што заштитата на здравјето на луѓето е врвен приоритет. – информира клубот Охрид.

Охрид е голем фаворит на овој натпревар, а тие славеа и во првиот натпревар сезонава на гостувањето во Струга.