Една од најубавите ракометарки го засили ЧСМ Букурешт (ФОТО)

Романскиот вицешампион ЧСМ Букурешт, кој преку вајлд-карта обезбеди учество во Лигата на шампионите за следната сезона, успеа во своите редови да ја донесе репрезентативката на Франција, голманката Лора Глосе.

Искусната голманка во ЧСМ Букурешт ќе пристигне од унгарскиот гигант, Ѓер. Глосе со екипата на Ѓер имаше актуелен договор на уште една сезона, но ЧСМ Букурешт беше упорен да ја ангажира голманката од Франција во своите редови и мораше да плати оштета за нејзиниот трансфер.

„Многу сум среќна што ќе бидам дел од тимот на ЧСМ Букурешт. Со нетрпение го очекувам новиот предизвик во кариерата. Исто така, со нетрпение ја очекувам средбата со големите имиња кои играат во клубот. Сакам да му помогнам на тимот повторно да ја освои шампионската титула во Лигата на шампионите”, изјави Глосе за официјалната страна на романскиот тим.

За следната сезона, ЧСМ Букурешт ги ангажираше Евелина Ериксон од Вајперс Кристијансад, Марија Судакова од ЦСКА Москва и сонародничките на Глосе – Грас Заади и Калидиату Ниакате, кои во ЧСМ Букурешт ќе пристигнат од Мец, односно Брест Бретањ.