Една легенда заминува, но доаѓа друга да директорува во ПСЖ

Екипата на ПСЖ се подготвува за измени и тоа на позицијата генерален директор во текот на јануари.

Најавите се дека Бруно Мартини во јануари ќе го напушти предводењето на тимот на ПСЖ. Тој беше на поицијата генерален директор од 2010 година и после речиси 11 години ќе го препушти ова место.

Веќе се знае и името на неговиот наследник. За позицијата директор е предвиден уште еден поранешен голман и легенда на Франција, Тиери Омејер. Добро е познато дека Омејер ја аврши кариерата во ПСЖ, па сега се враќа во нова улога.

„Беше убаво и инересно време. Би сакал од дното на моето срце да им се заблагодарам на луѓето кои ме придружуваа за време на ова прекрасно искуство во ПСЖ“, изјави Бруно Мартини.

Нема сомнежи дека Омејер ќе биде одличен наследник, особено поради тоа што се работи за поранешна голема ѕвезда на ракометот во Франција.