Еднаш вардарец, засекогаш вардарец – Карачиќ со честитка за „црвено-црната“ титула (ФOTO)

Ракометарите на Вардар со триумфот над Металург ја освоија својата 14. титула во клупската историја.

Некогашниот вардарец Игор Карачиќ, кој исто така во текот на вчерашниот ден стана шампион на Полска со Келце, им честита на вардарци на социјалните мрежи.

„Браво браќа“, напиша Карачиќ на Инстаграм.

Хрватскиот репрезентативец oсвои шест титули со Вардар во Суперлигата, пет во Купот и две во Суперкупот.