Еднаш вардарец, засекогаш вардарец – Карачиќ и Скубе со честитки за големата победа ( ФОТО)

Иако пред дерби натпреварот помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, ракометарите од Битола најавуваа борба до последна секунда, денес екипата предводена од Стевче Алушовски потврди дека се наоѓа во одлична форма и на добар пат кон освојување на титулата.

Вардар дојде лесно до триумф со 35:27, а натпреварот освен во Македонија беше во фокусот и на сите ракометни љубители на балканот.

По големата победа, честитки преку социјалната мрежа Инстаграм испратија неколку поранешни ракометари на македонскиот шампион.

Игор Карачиќ беше импресиониран од вардаровата игра и испрати честитка со наслов – „Браво бе деца“, а неколку минути подоцна и Сташ Скубе им честиташе на своите поранешни колеги од вардаровиот дрес.