Еден ракометар има играно и за Словенија и за Македонија, знаете ли кој?

Македонија и Словенија денеска ќе го одиграат осмиот официјален натпревар, а ова ќе биде третпат да се соочуваат на Европските првенства. Покрај тоа што често се соочуваат на големите натпреварувања, нив ги врзува и еден ракометар кој во својата кариера има играно и за Македонија и за Словенија.

Станува збор за Ренато Вугринец, десниот бек кој од 1996 до 2010 година го носеше дресот на Словенија на околу 200 натпревари и имаше над 600 погодоци. Тој во периодот од 2012 до 2015 година го носеше дресот на Металург и во овој период доби и македонско државјанство што му овозможи да биде дел и од репрезентацијата на Македонија.

Вугринец настапи за Македонија на Мундијалот во Тунис во 2015 година каде што Македонија успеа да стигне до осминафиналето. Во оваа рунда загуби од денешниот ривал, Словенија со 28:30.

На оваа средба Вугринец немаше погодоци за Македонија, а на целиот шампионат претходно во групната фаза имаше осум гола.