Еден куп одложени натпревари – Херона ќе почека за деби со Србија, Словачка нема да игра во Евро Купот

Селекциите на Словачка, Унгарија, Хрватска и Шпанија во следните месеци треба да бидат дел од Евро купот на кој настапуваат составите кои не играат во квалификациите за Европското првенство кое треба да се одржи во јануари во 2022 година.

Според планот за играње домаќините Словачка и Унгарија и финалистите од последното ЕП, Шпанија и Хрватска си имаат место во Европа купот и тие ќе одиграат шест средби во термините кога другите играат квалификации.

Сепак, во првите два термини нема да оди според планот, а причината е во забраната која владее на територијата на Словачка.

Строгите мерки кои се актуелни во Словачка го спречија одржувањето на дуелот Словачка – Хрватска на 4 ноември во Братислава. Постоеше опција дуелот да се одигра во Хрватска, па оттаму Словаците да патуваат за Шпанија, но и тоа не е можно бидејќи властите во Словачка не дозволија собирање на ракометарите на тренинг камп.

Покрај претходните одложувања во квалификациите за ЕП, денеска има информација и за нови одложени средби. Новиот српски селектор Тони Херона ќе почека за официјално дби на клупата на „орлите“ со оглед на тоа што од групата 1 одложени се уште средбите меѓу Србија – Грција, како и Грција – Франција, а од групата 5 нема да се игра натпреваррот Полска – Холандија.