„Еден ден нормално пиеш кафе, а другиот ден гледаш тенкови и слушаш бомби“

Хрватскиот ракометар Лука Шебетиќ се врати во репрезентацијата за припремите против Финска во баражот за СП, а на собирот за хрватските медиуми зборуваше и за ситуацијата во неговиот клуб Мотор Запорожје.

Шебетиќ како и многу други странски ракометари беше затекнат од војната во Украина, а сега во изјава за „24сата“ зборуваше за деновите кога војната започнувала.

„Не можеше да се почувствува дека ќе има војна. Еден ден пиеш нормално кафе во центарот на градот, а веќе утре си во војна. Управата на клубот не убедуваше дека нема да дојде до војна, истото го зборуваа и политичарите кои се баш од Запорожје. Момците во тимот од Украина исто така не веруваа дека ќе дојде до ова што се случува сега“.

Чувството додека биле во Киев воопшто не било пријатно.

„Неколку часа пред почетокот на војната безгрижно шетавме во градот, а еден ден подоцна над вас летаа авиони, хеликоптери…гледате воени возила на улиците. Кога бевме во Киев слушавме како паѓаат бомби. Чувството воопшто не беше пријатно“, истакна Шебетиќ.

Патот на Шебетиќ од Запорожје траел пет дена.

„Прво одевме кон романската граница, но истата беше блокирана, па тргнавме кон Молдавија. Успеавме два пати да ставиме горивом навистина имавме среќа. Што се однесува до патот, беше сигурно да патувате тогаш во тој дел на Украина. Патиштата беа лоши, но не така лоши како што очекував“, раскажа Шебетиќ.