Европски Куп: Темелков пак најдобар, закажа македонски двобој во второто коло

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Владимир Темелков и неговиот тим, Каерјенг обезбедија учество во второто коло од Европскиот куп откако во реванш натпреварот против Велазними беа убедливи и славеа со десет гола разлика, 36:26.

На првиот меѓусебен дуел, Каерјенг забележа победа од 32:23. Денешниот натпревар против косовскиот претставник во Европскиот куп беше само загревање пред сериозните дуели во рамките од второто коло.

Темелков повторно беше најефикасен во својата екипа со седум гола. На спротивната страна, Албан Хазири исто така постигна седум гола.

Во второто коло од Европскиот куп, Каерјенг за противник ја има романската екипа, Фочани во која настапува репрезентативецот на Македонија, Горан Крстевски. Натпреварите од второто коло се закажани за месец октомври.

Покрај Каерјенг, место во второто коло од Европскиот куп обезбедија и екипите на Гранитас и Саратов.

ЕВРОПСКИ КУП – МАЖИ,  1. КОЛО:

КАЕРЈЕНГ – ВЕЛАЗНИМИ 36:26 (13:16)
МОТОР ПОЛИТЕХНИКА – БЕКЕЛАГЕ 23:41 (12:12)
БЕЈКОЗ Б. – ХУРИ АП 32:23 (15:14)
САРАТОВ – В. ВИЕНА 31:19 (18:8)
ЖЕЛЕЗНИЧАР – ГРАНИТАС 22:29 (12:12)