Европскиот првак донесе нова „змија“ (ФОТО)

Една од стандардните репрезентативки на Унгарија, Сузана Томори е најновото засилување во актуелниот шампион од Лигата на шампионите, Вајперс Кристијансад.

34-годишната Томори од 2019 година го носеше дресот на Шиофок, но со унгарскиот клуб не успеа да го продолжи договорот за новата сезона.

Управата на Вајперс Кристијансад покажала голем интерес за левиот бек на унгарската репрезентација, а Томори без многу размислување ја прифатила понудата и стана „змија“.

Норвешкиот клуб ќе биде прво интернационално искуство за искусната ракометарка од Унгарија. Томори во својата кариера го носеше дресот и на ФТЦ Будимпешта, Ѓер и Вац.

Вајперс Кристијансад за новата сезона ангажираше неколку звучни имиња како Изабел Гулден, Ана Дебелиќ и Пена Нереа. Амбициите на клубот за новата сезона се пласман на завршницата и повторно освојување на шампионскиот пехар во Лигата на шампионите.

Фото: vipers.no