Европа им се поклони на Киро и Македонците – Сензација, Лазаров е семоќен, Кралски потег…(ФОТО)

Триумфот на Македонија над светскиот првак Данска со 33-29 во квалификациите за ЕП одекна како бомба не само на Балканот, туку и низ Европа.

Медиумите беа преполни со статии за новиот селектор Кире Лазаров, кој имаше деби од соништата.

Нашиот национален тим веќе обезбеди ново учество на континенталниот собир следната година во Унгарија и Словачка.

Погледнете ги насловите на дел од балканските и европските медиуми…

24Sata – Сензација во Скопје: Македонците го срушија светскиот првак Данска! Селекторот Лазаров даде 4 гола!

Handnews – Лазаров на дебито ја победи Данска!

Marca – Македонија го победи светскиот првак на дебито на Лазаров како играч-селектор

Balkan Handball – Прво па машко: Лазаров го среди светскиот првак на селекторското деби

Handball fast – Кралски потег: Кирил Лазаров дебитира како тренер и го победи светскиот првак!

MNE Rukomet – Лазаров приреди сензација, на дебито падна Данска

TV 2 – Сензационален пораз на данските светски шампиони

Pobjeda – Македонскиот витез Кирил Лазаров: На селекторското деби ја сруши Данска и даде четири гола

Sportske Novosti – Сензационално деби на ракометната легенда: Киро на 41 година го сруши светскиот првак како селектор и играч!