Еве со кои ракометарки Украина ќе игра против Македонија

Репрезентацијата на Украина за пласман на Светското првенство 2023 ќе се бори против Македонија.

Селекторот на Украина, Виталиј Андронов за контролните средби против Романија, кои ќе бидат подготовка за баражот со Македонија, ги одбра најдобрите ракометарки.

За очекување е Андронов на дуелите со Македонија да настапи речиси со истиот состав. Искусниот стратег ќе може да смета на најискусните, средниот бек на Валчеа, Ирина Глибко, која е носител на играта во романскиот тим, но и една од најдобрите стрелци во Лига на Европа, како и на Јулија Андријчук од норвешката Волда која има 30 години и зад себе има големо искуство.

На списокот се наоѓа и десното крило Евгенија Левченко, ракометарка која е членка на Валчеа и заедно со нејзината сонародничка Глибко претставуваат најголема опасност за секој ривал. Тука се Самбатиан и Смолинг, кои исто така настапуваат во странство.

Списокот е надополнот со уште неколку интернационалки и домашни ракометарки, кои главно играат во Галичанка и Карпати.

Поради повреда на неколку ракометарки, дополнително беше повикана Лилија Горилска од унгарскиот шампионат, односно од Бударош, потоа клупската колешка на Александра Коловска од Михаловце, десниот бек Евгенија Кохуч и голманката Татијана Черноиванска.

Во стручниот штаб на Андронов, се наоѓа една ракометарка од шампионската генерација на Кометал Ѓорче Петров, голманката Оксана Плошчинска, која работи за чуварите на мрежата. Со нив двајца работи поранешната членка на Мец и Крим, Олга Передери.

Украина контролните средби со Романија ќе ги одигра на 3 и 4 март во рамки од ЕХФ неделата.

Првиот дуел меѓу Македонија и Украина ќе се одигра на 8 април во Скопје, додека реванш средбата е закажана за 11 април во унгарскиот град Кишварда.