Душебаев ја најде замената за Зорман

Полските медиуми најавуваат дека нема ништо од ангажманот на Дидие Динар како помошник на Талант Душебаев на клупата на Келце и дека веќе е познат наследникот на Урош Зорман.

„Сите информации водат кон тоа дека помошник тренер во Келце следната сезона ќе биде Криштоф Лијевски“, пишуваат Полјаците.

Поранешниот полски репрезентативец, кој има 36 години, оваа сезона ја заврши кариерата и ќе го замени Зорман, кој две годнини му асистираше на Душебаев. Зорман се враќа во татковината и најверојатно ќе го води Целје.

Покрај Лијевски, како опција за асистент тренер се споменуваше и Мариуш Јуркевич, кој исто така ја завршува кариерата, но тој веројатно ќе има некоја друга функција во клубот.