Душебаев „доживотно“ во Келце – долгорочни договори и за Вулф, Алекс, Турна…

Тимот на Келце минатата недела ја осигура новата титула во полскиот шампионат, а денеска на последниот сезонски натпревар ја победи Висла Плоцк.

По тој меч, претседателот на клубот, Бертус Сервас, објави неколку интересни информации за ростерот на тимот.

Договорот на Талант Душебаев беше активен до 2023 година, но тој е продолжен за уште и шпанскиот стратег ќе остане до 2028 година во полскиот тим.

Ист е случајот и со голманот Андреас Вулф, додека оној на Алекс Душебаев што беше валиден до 2022 година е продолжен до 2026 година.

Даниел Душебаев, иако е повреден, доби нов договор за уште три сезони, плус имаше валиден и за следната, значи ќе остане до 2025 година. Французинот Николас Турна имаше договор до 2023 година, а со новата обврска ќе остане до 2027 година.

Интересно е што договорот на Игор Карачиќ, кој истекува на крајот на следната сезона, засега не е продолжен.

Нов лев бек на Келце е Шпанецот од Ла Риоха, Мигел Санчез, со кој е договорена соработка на една сезона. Уште два трансфери ќе бидат објавени по завршувањето на завршниот турнир, бидејќи двајцата ракометари ќе играат во Келн.