Душебаев: Додека нема нов шампион, Вардар е најдобриот тим во светот

Тимот на Вардар вечерва го очекува нова битка во Лигата на шампионите и натпревар со полскиот првак Келце.

Тренерот на гостинската екипа Талант Душебаев нема баш пријатни спомени од Скопје. Тој вели дека додека не се одигра Ф4 во декември и Европа не добие нов првак, Вардар е најдобриот тим во светот.

„Додека нема нов шампион, Вардар е најдобриот тим во светот за нас. Како и да е, ние ќе се обидеме да ја искористиме нашата шанса да освоиме бодови. По паузата со нас се Кулеш и Фернандез, ќе видиме колку ќе можат да ни помогнат. Мислам дека основата на Вардар е истата од претходно, само дел од актерите се променети, но тактички е без промена. Се уште имаат солиден и амбициозен тим кој сонува за нов настап на Ф4. Се уште ги имаат лидерите кои ја освоија првата титула – Дибиров, Чупиќ и Стоилов“, вели Душебаев.

Натпреварот меѓу Вардар и Келце се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.