Дури и да ја освои титулата, Алборг нема сигурно место во ЛШ следната сезона!

Во финалето од завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе се сретнат Барселона и Алборг.

Данскиот тим направи сензација со елиминацијата на ПСЖ, но ќе му биде тешко против каталонскиот гигант, кој сезонава нема пораз ниту на домашно тло, ниту во Лигата на шампионите, ако се изземе оној од Кил во декември во меч од сезоната 2019/20.

Но дури и да ја освои европската титула, Алборг нема сигурно место во Лигата на шампионите за следната сезона.

Европскиот првак не добива директно место во ЛШ за следната сезона, а данското првенство се уште не е завршено. Алборг, кој има густ распоред, мора да игра мајсторка против Силкеборг во среда, а доколку не стане шампион, директното место кое го има Данска во ЛШ ќе го добие Силкеборг.

Алборг не може да аплицира за вајлд-карта, бидејќи тоа право го има победникот од регуларниот дел на сезоната во Данска, а тоа е ГОГ Гудме. Плус ЕХФ дозволува само по едно барање за валјд-карта од федерација.

Во Алборг следната сезона доаѓа Арон Палмарсон и уште неколку одлични засилувања, па ќе биде вистинска штета ако овој тим не игра во ЛШ.