Дукоски и Митревски го водеа Аеродром до победа со Драчево

Осмопласираниот Аеродром обезбеди триумф против петтопласираниот Драчево со 35:28 во рамките од Плеј-офот во Првата лига. Аеродром запиша висока победа, а гостите само во еден краток период од мечот се покажаа како закана.

Натпреварот започна тврдо со малку голови Аеродром поведе со 2:0, првиот гол дојде во 3. минута, а вториот во 7. преку Давид Олтовски и Ивица Дукоски. Првиот гол гостите го постигнаа дури во 8. минута преку Димитар Матовски.

Од таа осма минута започна да се игра поефикасно, а подобар тим беа домаќините кои од минута во минута ја зголемуваа предноста за на полувреме да заминат со 13:7, највисоката предност до тој момент на натпреварот до која стигнаа по втор пат, претходно водеа и со 12:6.

Иако изгледаше дека Аеродром во второто полувреме ќе има лесна задача, гостите не мислеа да се предадат. Почетните минути од второто полувреме се некаде до пред средината на овој период им припаднаа нив, успеаа да намалат и на два гола разлика (18:16). Сепак, до крајот Аеродром повторно го подигна нивото и не дозволи изненадување.

Набрзо повторно домаќините ја вратија високата предност и во последните десет минти сигурно го приведоа натпреварот кон крајот и обезбедија триумф.

Најефикасен во редовите наа Аеродром беше Митревски Иван со седум гола, а одлична поддршка имаше и од Ивица Дукоски кој шест пати се запиша во листата на стрелци. На спротивната страна по шест гола постигнаа Бобан Андоновски и Јаховиќ Едис.