Драмата меѓу ПСЖ и Кил заврши реми, патникот на Ф4 ќе се решава во Германија

Екипите на ПСЖ и Кил одиграа максимално израмнет натпревар во првиот четвртфинален дуел во Лигата на шампионите кој после голема борба заврши без победник 30:30.

Кил влезе максимално во натпреварот и уште од стартот направи добра предност од 1:5. Во продолжение ПСЖ полека ја топеше негативата и со головите на Конку и Шипжак израмни на 11:11 во 21. минута.

До крајот на првиоте дел сепак Кил успеа да обезбеди предност од 14:16. Во текот на второто полувреме постојано се играше израмнето гол за гол со минимална предност на гостинскиот тим. Натпреварот влезе во неизвесна завршница и заврши без победник.

Најефикасен во тимот на ПСЖ беше Недим Ремили со осум погодоци, а Камил Шипжак постигна седум гола. Во составот на Кил прв стрелец беше Сандер Сагосен со шест гола.